Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Хорхе                                    

$
0
0

Како што ветив во претходните текстови, ќе се обидувам на едноставен начин да пишувам и да ги разобличувам една по една темите, настаните и личностите кои во изминатиов период се користат за масовна манипулација на граѓаните.

Gligor-Stoimenov

За жал овој веќе етаблиран систем на заглупување, како што кажав и порано, ни стана главна алатка преку која се води политиката во Република Македонија и преку која се носат значајни одлуки за државата и граѓаните. Овие денови во Собранието на Република Македонија на дневен ред на собраниската седница беше расправата со која се покрена постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во народот познат како Хорхе. Но како што Ви реков ние мора овде сите теми да ги отвориме и сите личности од политичкиот живот и нивните постапки да ги разобличиме и прикажеме во едно реално светло пред Македонскиот народ. Во функција на ова ќе се обидеме да бидеме различни, да ги отфрламе манипулациите и да градиме нација на свесни луѓе кои ги носат самостојно своите одлуки и ставови.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со чинот на амнестија го погази до темел правниот поредок на Република Македонија, брутално го прекрши уставот, ја загрози безбедноста на државата и повеќе нема никаков легитимитет да биде претседател, а се надевам дека ќе ја сноси и законската одговорност за нешто што не смеел да го направи.

Но кој е Ѓорге Иванов?

Слушајќи ја расправата деновиве во Собранието по повод утврдување на неговата одговорност се изнаслушав се и сешто. Разбрав дека бил татко на нацијата, дека бил државник, голем научник, голем професор, човек кој работел за интересите на Македонија, итн. Но почитувани, верувајте дека многу малку од ова, всушност ништо од ова не е точно. Сите оние кои имале можност да го познаваат Иванов од студентските денови на Правниот факултет знаат дека овие епитети кои му ги доделија немаат врска со реалноста и ние кои го познававме овие квалификации ни се навистина смешни и должни сме пред јавноста да ги изнесуваме фактите и вистината.

Ѓорге Иванов за прв пат го запознав во сега веќе далечната 1993/94 година кога дојде на Правниот факултет од Македонското радио, мислам дека беше уредник на трета програма. Тој не беше човек од асистентскиот кадар на Правниот факултет. Во тој период со отворањето на новите студии по политички науки на Правниот факултет имаше недостаток од асистенти по предметите Политички теории 1 и2,  и како човек кој имаше магистерска теза од областа на цивилното општество некако се вклопи на местото асистент на катедрата по Политички науки.  Но анегдотите од тоа време за неговата сервилност и понизност кон политичките авторитети и професори се уште се прераскажуваат низ ходниците на Правниот факултет. Во тој период додека не беше се уште вработен на факултетот беше само еден обичен поттрчко на професорот Љубомир Фрчкоски, и лично и самиот бев сведок на некои од тие настани, но да бидам искрен повеќе го сожалував.

Тој ниту малку не се истакнуваше со некои големи научни предавања и повеќе беше како некој организационен секретар во рамките на Политичките студии задолжен да организира некоја екскурзија или посета на некоја институција итн, но немаше допирна точка со некои научни достигнувања како што некој сака да го претстави. Но внимавајте, тој воопшто не е пример што треба да го следат младите. Користејќи ја неговата сервилност и понизност, како и блискиот однос со некои политички авторитети и професори од тоа време успеа да си го трасира патот кон успехот на Правниот факултет.

Денес се уште ми раскажуваат  некои постари професори  дека тој воопшто не ги ни исполнувал условите да биде избран за асистент на Правниот факултет со оглед на неговиот просек, и неговиот избор за наставник како што кажуваат претставувал во тоа време своевиден преседан. Но за жал тој преседан и исклучок со Иванов кој се случуваше во деведесетите години денес стана правило. Денес толку го осакативме образованието па со пусулче од Извршните комитети на партиите може да станете универзитетски професор, но тоа е друга тема за која посебно ќе пишувам.

Некаде во март 1998 година мислам дека беше, присуствував на одбраната на докторската дисертација на Иванов во големиот амфитеатар на Правниот факултет. Темата на докторатот му беше нешто од областа на глобализација и беше од страна на комисијата прифатена малку како на потсмев. Добро се сеќавам на составот на комисијата. Во текот на одбраната на докторската дисертација се чувствуваше тоа подбивање и потсмев од страна на комисијата  кон темата на кандидатот и се сеќавам дека му поставија прашање  ,,Дали може државата да влезе низ врата, алудирајќи на темата која ја бранеше, што некои постари професори кога се шегуваа ги нарекуваа овие докторски теми  како вербален деликт, затоа што сами по себе не можат  научно да се применат, односно условно кажано се неапликатибилни. Понатаму се е историја, се знаете. Но толку за Иванов. Воопшто не ми беше намерата да го обезвреднам неговиот труд и достигнувања, туку само  колку да се знае дека не се работи за никаква голема научна величина, никаков голем професор или научник, или голем патриот како што сакаат да ни го прикажат.

Но почитувани овде е битно да кажеме и неколку збора за делото кое го направи Иванов и последиците кои ги предизвика со чинот на амнестија, иако многу се говореше на оваа тема во изминатиов период. Зошто велам амнестија? Затоа што ова што тој го направи нема врска со аболиција. Тој всушност направи две суштински повреди на уставот и на неговите овластувања. Едната повреда е самата амнестија на која нема никакво ниту уставно ниту законско право, а второто прекршување е повикување на избришан член од закон кој е укинат и не постои во правниот поредок.

Ние овде нема да се впуштаме во детална и правна анализа на овој проблем затоа што веќе многу експерти од оваа област се произнесоа и го дадоа своето мислење и толкување. Но се прашувам дали беше потребно или повторно се правеше обид да се фрли една димна бомба врз основните постулати на правото и повторно да не манипулираат и да толкуваат  дали претседателот имал право или немал право, и тоа манипулации од експерти и професори кои не смеат да го прават тоа и да ја газат вака науката за исполнување на партиски агенди.

Имено, Изменет и дополнет закон е закон со иста правна сила и со негово укинување остануваат во сила само оние одредби од основниот закон кои не биле опфатени со Законот за изменување и дополнување. Токму затоа што со Законот за изменување и дополнување членот 11 кој дава можност за аболиција е избришан, тој веќе не постои во правниот поредок и не се враќа сам по себе туку само со друг закон кој го носи Собранието.

Ова е толку јасно и претставува основа на правото и го знаат сите административци вработени во Собранието на Република Македонија, а да не зборувам за правниците кои го работат ова постојано, и ако ова не е вака зошто постои пречистен текст на законот, зошто ако избришаните одредби си се враќаат сами по себе, па со тоа ќе се создаде хаос, нелогичност и правна несигурност.

Апсолутно не гледам ни потреба од автентично толкување, чуму кога е се јасно. Но и да била на сила одредбата од член 11 од  законот од 1993 година, односно да не била избришана, каде што претседателот согласно член 11 би имал право на помилување односно аболиција, тој тоа може да го направи само во исклучителни околности кои се прецизно пропишани и таа аболиција може да опфати само исклучително мал број на луѓе а никако 56 лица, што претставува класична амнестија за која тој нема надлежност туку само Собранието на Република Македонија може да донесе Закон за амнестија, но претседателот не може.

Претседателе Иванов. После ваква злоупотреба на функцијата не Ви преостанува ништо друго туку да си поднесете неотповиклива оставка. Од Вас ќе се срамат студентите на Правниот факултет, ќе се срамат и професорите од кои учевте, ќе се срамиме и сите ние кои ве познававме како и сите граѓани на Република Македонија.

Денес кога во Европа и цивилизираниот свет се забележува тенденција на ограничување на дискреционото право на претседателот за  помилување и ставање во тесни законски рамки, денес кога сме земја кандидат за ЕУ да посегнете по ваква злоупотреба на институтот помилување како да сте монарх од деветнаесетиот век, најмалку што можете да направите за својата земја и за срамот кој и го нанесовте пред светот, е достоинствено да си заминете.

Глигор Стоименов 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Trending Articles