Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 18380

Нападнат доктор во болницата во Тетово 

$
0
0

Дежурен доктор во Детското одделение во Клиничката болница – Тетово бил физички нападнат вчера во 15.20 часот од страна на 25-годишниот Н.С. од село Шемшово кој заедно со две непознати женски лица и едно малолетно дете влегол во ординацијата за укажување лекарска помош за детето.

doktorikarton

Министерството за внатрешни работи информира дека лекарот откако го видел медицинскиот извештај од Хируршко одделение и побарал да му донесат упат, лицето му се нафрлило и физички го нападнало, а потоа почнало со рацете да удира по работното биро, компјутерот и другите предмети кои ги расфрлило на подот за што лекарот преку дежурната сестра Ќ.Ј.(46) побарал да биде повикано обезбедувањето. Откако истата се обидела да го повика обезбедувањето, лицето и неа физички ја нападнало по што го напуштило местото на настанот.

По преземени мерки бил утврден идентитетот на лицето. Се работи за Н.С.(25) од село Шемшово. СВР-Тетово работи на целосно расчистување на случајот.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 18380

Trending Articles