Британскиот премиер Дејвид Камерон, по резултатите од референдумот за излез од ЕУ, ја најави својата оставка.
Image may be NSFW.
Clik here to view.
Тој ја поддржуваше кампањата за останување на земјата во ЕУ и по поразот рече дека на земјата и е потребно ново лидерство.
– Нема да биде во ред јас бидам капетан кој ќе ја води земјата кон нејзината следна дестинација – изјави Камерон.
Тој најави дека ќе ја извршува премиерската функција во наредните неколку месеци до есента, кога ќе се избере новиот премиер, кој треба да ја започне процедурата за излез од ЕУ, процедура која е предвидено да трае 2 години.