Ректорската управа на УКИМ на вонредната седница која се одржа утринава по повод спроведените избори за претседател на Студентски парламент одлучи да формира комисија која ќе ги разгледа сите факти и докази за настанатата ситуација и ќе предложи заклучоци пренесе Нова.
По денешната седница Ректорската управа на УКИМ одлучи да го оцени изборите како скандалозни кои ескалираа со физички пресметки и вмешување на МВР кои не биле повикани од одговорните лица на Универзитетот.
Тие го осудија секој вид на притисок врз студентите преземен од страна на кои било државни органи. Ректорската управа потенцира дека нема ингеренции во поглед на изборот на студентски лидер, но сепак предложи решенија за првенирање на слични состојба.
Прв предлог е итна измена во Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање за што веќе претходно беше формирана комисија.
Второ, преку овозможување на правен основ, Ректоркста и деканските управи да учествуваат при одганизирање и спроведување избори од страна на студентски организации. Потоа, УКМ и Студентскиот парламент активно да се вклучат во подготовката на статутарните измени и да престане секој вид на партизација и политичко манипулирање со студентите.
Сите овие предлози во форма на заклучоци кои ги донесе Ректорската управа беа на предлог на Деканот на Правниот факултет Борче Давитковски. Она што Ректорската управа одби да го вметне во заклучоците е предлогот на Давитковски, изборите да се поништат и Кирил Спировски да остане претседател на СПУКМ се до септември додека не се направат статутарните измени во поглед на студентското организирање.
Откако Ректорската управа одби да го прифати овој предлог, Давитковски ја напушти седницата и посочи дека не се согласува со формирање на комисии.
На ист став се и членовите на Студенсткиот пленум кои велат дека дополнителни комисии кои ќе оценувата што точно се случило дента на изборите, нема да дадат никаков придонес.
тестот во целост прочитајте го тука