Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

„Третото око“ на Кети Национале

$
0
0

Насловот на овој текст е пишуван со голема внимателност и одмереност и се обидува да одгатне зошто на нашиот ,,вожд во заминување“ сеуште не му доаѓа свест. Искрено се плашам дека сеансите на Кети се доста силни за психата на ,вождот“ и затоа тој можеби сеуште не отстапува од претсказанијата на омилената му негова гледачка. Во секој случај немам намера да го амнестирам вождот, туку да укажам на неговата неискреност кон своите подржувачи – гуслари и ,,носачи на неговиот срам“ како и кон останатиот дел од јавноста со неговото јавно признавање или фалба дека  сите досегашни мега проекти (вклучувајќи го и проектот Скопје 2014 година) се изворно негови. Се што кажал во врска со ова како и за многу други работи, се паѓа во вода. Значи се излажал. Греота и срамота е да велиш поточно да се фалиш со визионерски проекти, а тоа да ти биде  визионерски поглед и проект на туѓо ,трето око“. Случајно или коинциденција, но сепак ајде проценети сами, дали вождот без ,,трето око“ на Кети“ би можел барем еден мандат да истурка?. Да се потсетиме како омилената ни наша Кети го советувала вождот да прави предвремени избори и дека сигурно ќе победи!. И неколку пати така предвремени и предвремени избори па се до денес, кога поучени од она како се носеле одлуките, лесно можеме да се посомневаме дека и идеата за доуништување на земјата преку издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра можеби е предлог на Кети национале или пак само охрабрување за замислените чекори на клиентот!?

jove kekenovski

За да работите бидат подобро разбрани и предочена опасноста која ја носи магијата, сеансите на гатачките, магионичарите, шаманите, вештерките, окулистите и други кои се занимаваат со предвидување ке се полсужам со едно искуство на еден корисник на истите. Тој вели: ,,Тие ве воведуваат во поднебесниот свет и во верување на зли духови и ве прават слуги на сатаната. Благодарение на нив почнувате да верувате дека сте безгрешен, дека сте најумен и најсилен. Тоа е голем грев кој е осуден и во Стариот и во Новиот завет, бидејки живото суштество кое користи такви услуги ја предава својата душа на друг. Со текот на времето клиентот станува раководен и управуван од давачот на услугата или пак тој само му служи служи како параван, односно како стимул клиентот да го стори она што го наумил од порано. Едноставно да добие потврда и храброст за реализација на науменото”.

Затоа нека не не чуди кога за некого комшиите, пријателите или соработниците ке кажат, нешто човекот се смени и почна чудно да се однесува. Отука  нека не не чуди кога истиот ке се „измести” или пак ке падне во депресија. Кога тешко ке контактира со други луге, а најсигурен ќе биде во присуство на своите блиски. Но, најстрашното од сето наведено е  фактот дека враќањето на овие луѓе во реалноста е невозможна мисија. Затоа во текстов се искажува голема загриженост за цената која треба да ја плати секој граѓанин на оваа земја, само заради тоа што некој можеби му го помрачил умот на вождот или пак само го охрабрил  да дејствува. Во една од цивилираните земји со развиен правосуден систем, падната е и силна судска пресуда кон еден давател на услуги со гатање  кој со своите совети му го одземал и помрачил умот на едно лице кое починило голем злостор – убиство на близок свој.

И на крајот да се надоврзам на една од моите претходни колумни насловена како ,,Во очекување на политичкиот тестамент на Груевски”, во која се осврнувам и на тестаментот на Адолф Хитлер. Адолф го избегнал соочувањето со судот на народот како и со меѓународнот кривичен суд на свој сопствен начин. Нашиот вожд се соочува со сѐ поголем притисок како домашен така и меѓународен и треба да одлучи брзо.
Ќе се повлекува и ќе бега или ке се бори и ќе му биде судено. А можеби очекува и нешто трето, предлог и решение од Кети национале. Можеби ,,третото око” на Кети знае и сега како треба!?

проф Јове Кекеновски


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles