Брзото задржување судии и други лица по неуспешниот државен удар во Турција покажува дека владата претходно имала подготвено список, изјави денеска еврокомесарот задолжен за проширување на Унијата Јоханес Хан.
По неуспешниот обид за државен удар во саботата, турските власти уапсиле неколку илјади лица, меѓу нив и голем број судии и обвинители. „Изгледа како нешто што било подготвено однапред. Списоците биле на располагање што укажува на тоа дека биле подготвни да се искористат во одредена фаза”, рече Хан, додавајќи: „Јас сум многу загрижен. Тоа е токму она што го очекуваа“.
извор: РСЕ