Британскиот Дејли меил објави галерија со фотографии кои го прикажуваат луксузот во кој живеат претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговата сопруга Емине.
Ердоган е богат 165 милиони евра, и има три палати, неговата сопруга е позната по нејзината љубов за луксузни шопинг патувања и антички колекции, пишува Дејли меил.
Таа еднаш предизвика хаос затворајќи трговски центар во Брисел за да може на раат да купува. Во Варшава таа потрошила над 44 илјади евра на антиквитети во само еден шопинг додека илјадници Турци живеат во огромна сиромаштија, пишува весникот.
Дејли меил потсетува дека беа потрошени 500 милиони евра за новата претседателска палата.