Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Се јави сестрата на невестата –во пушката немало куршуми, туку огномет?!

$
0
0

Откако вчера СДСМ објави фотографии и обвини дека Марија Р.К. вработена во СВР Битола, на својата свадба пукала рафално со пушка за време на прославата, на Фејсбук се јави нејзината сестра.

nevesta puska

Таа напиша дека оружјето било во сопственост на нивниот татко и било купено со дозвола, а во него немало куршуми туку огномет.

13731466_10209843919634593_7928113717111077964_n

Потпретседателот на СДММ, Дарко Каевски вчера рече дека пушката била формациско оружје на полицијата и војската и за неа граѓаните не можат да добијат дозвола за поседување и носење.

– Но тоа очигледно не важи за нововработената секретарка на началникот на униформираната полиција во СВР Битола, Зоран Дуковски. Според информациите што ги имаме, Марија Ристовска Калешковска е тазе вработена, пред извесно време добила и решение за работа во СВР Битола, веднаш по завршувањето на средното економско училиште, рече Каевски.

Како што обвини тој, таткото пак на невестата бил еден од главните координатори на ВМРО-ДПМНЕ за битолскиот регион и многу близок соработник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

СДСМ бара од МВР и од СВР Битола да објаснат од каде таква пушка се нашла на свадба на вработена во полицијата.

– Уште колкумина во МВР располагаат со службено оружје за приватни цели? Слушнавме од проектот Вистината за Македонија каков пример им давал на вработените во МВР тогашниот директор на УБК, Мијалков кој според снимките дава наредба или самиот рафални пукал по кафеани и веселби. Одбројани и се деновите на оваа неодговорна и несериозна власт, дополни Каевски.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Trending Articles