Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17688

Му украле ли на потпретседтелот на ДУИ, Садула Дураку, 80 илјади евра од дома?!

$
0
0

Деновиве во домот на Садула Дураку, актуелниот градоначалник на општина Липково кој е и потпретседател на владејачката албанска партија ДУИ, според непотврдени информации, во домот му влегле крадци.

Изворите на Либертас тврдат дека Дураку грабежот на наводно 80 илјади евра од неговиот дом го пријавил во полициската станица во Матејче.

sadula duraku

Либертас контактираше со дежурниот во полициската станица кој побара прво да се консултира со старешината а потоа љубезно ни рече дека за овој случај ќе можеме одговор да добиеме утре од портпаролот на кумановската полиција.

Градоначалникот Дураку во телефонски разговор ни рече дека грабеж имало, но не кај него, туку во домот на неговиот брат. За сумата дали се работи за 80 илјади евра рече дека не гледа за потребно ваква информација да се пласира во јавност и ни посака пријатна вечер.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17688

Latest Images

Trending Articles