Дел од граѓаните на Стајковци својот гнев од калта која три дена веќе ја собираат од своите домови, го насочија кон премиерот Емил Димитриев, кој денеска го посети селото, објави НОВА.
Граѓаните кои живеат во понепроодни места и каде улиците се неасфалтирани, поминуваат само со трактори или други теренски возила. Тие велат не им се потребни “парадирања со машни пред камера“ на надлежните, туку физичка рака која ќе им помогне да ги исчистат водата и калта кои им ги растуриле домовите по невремето.
Видео – НОВА