Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

ВИДЕО: Семејствата се уште не може да ги погребаат настраданите, чекаат потпис и печат

$
0
0

Овој човек два дена чека да ги земе телата на сопругата и осумгодишното дете од капелата Бутел.

mackic_14[1]

Кобната саботна вечер се враќал со семејството од одмор кога на обиколницата автомобилот им го покрила вода и кал.

Успеал да го спаси едното дете, но второто не. Слушнал во темнината само тато тато и повици за помош.

По оваа трагедија се уште во неверувањето од она што се случило се соочува со нов шок. Без Потпис и печат од министерството за здраство не можат да си ги земи телата за погреб, пренесува Телма.

Во Бутел заедно со Велиновски чекаат десетина семејства. Имаат документи без печат со потпис на кој само пишува лице најдено без знаци за живот.

Од гробиштата Бутел не им дозволуваат да ги земат телата освен со документ кај нотар дека целата одговорност е на роднините.

Но тие се сомневаат дали потоа ќе добијат документи и дали ке може да извршат погреб, но и се плашат од правни последици.

Два дена овие луѓе чекаат и ниту еден од надлежните не се појавил да им појасни што да прават.

Проблемот може да го реши само министерството за здравство, бидејки обвинителот дал усна наредба телата да се предаваат на роднините. Некои во првите часови така и сториле по идентификацијата веднаш ги погребале настраданите.

Така се случила и ситуација, загинати мајка и ќерка , мајката е погрбана ќерката семејството не може да ја земе. Хаосот со настраданите настана по усната наредба на обвинителот која не важи за добивање соодветна документација.

Начинот на кој е постапено е спротивно на сите протоколи на ИНТЕРПОЛ за идентификација и обдукција на настрадани во масовни несреќи, појаснија вчера од Судкса медицина.

Додека институциите си ја префрлаат одговорноста семејствата на настраданите го повикуваат премиерот и претеседателот како што заминаа кај поплавенит куќи да дојдат и на гробишта.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

Trending Articles