Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

(ВИДЕО) Димитриев: Груевски не ми наредува, туку ми помага

$
0
0

За премиерот Емил Димитриев, инструкциите кои ги добиваше од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се поддршка и воопшто не треба да се сметаат за наредба, објави НОВА.

– Не добивам инструкции. Јас така не гледам на тоа. Значи луѓето замолуваат за поддршка, тоа не треба да се сфати за наредба – рече тој на новинарското прашање на НОВА.

Видео – НОВА

Инаку, како што веќе објави Либертас, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го прекина одморот во Турција и се врати во Македонија, започна со риалити шоу пред камерите.

Како што минатата година преку телефон бараше МВР побрзо да издава пасоши, така на ден по поплавата прашуваше колку пакети со храна има, а потоа на министерот за здравство Никола Тодоров и на премиерот Емил Димитриев им даваше инструкции и наредби за што да прават – да свикаат нова седница на владата и какви одлуки да донесат.

Зачудувачки е како човек кој моментално нема никаква државна функција, туку само партиска, издава наредби на највисоки државни функциноери, а тие безпоговорно го слушаат.

Ова продолжува да се случува секојдневно во погодените подрачја, каде секој ден друг функционер му рапортира на Груевски и чека негови инструкции.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles