Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17601

ВИДЕО: Потресна исповед на преживеан во поплавата, три часа животот му висел на конец, се качил на дрво за да се спаси

$
0
0

Раздивената вода со часови го носела низ целата населба, се сеќава на стравичното искуството од поплавите Фатон Санини од Сингелиќ.

783489430943

Вели се враќал од работа и за миг бил повлечен од надојдената вода. Едвај извлекол жива глава.

Три часа животот му висел на конец. Му помогнал соседот кој го советувал да излезе од автомобилиот пред да го однесе поплавата.

„Таму кај мостот пукнаа цевките и имаше мбногу вода и почна да не зема водата и не носеше пред земјоделската аптека тука во Сингилиќ. И таму јас борејќи се се качив во кола голф, сега сопствениците на колата се починати. Јас се качив на колата и таа не зема и на крај на апретеката не носеше водата. Веше многу силна водата и не носеше на крај на аптеката каде што паднав од колата во водата и не знам како господ ми дадае сила да се качам на дрво“, раскажа Фатон Синани за 24 Вести.

22-годишниот Фатон деновиве живее на штрек. Поради страотното животно искуство прима терапија за смирување.

„Мене после дури 3 часа што седев на дрвото дојдоа после три часа некои жители од населбата и ме спасија. Значи, ме симнаа од дрво и право од амбулатна и директно ме однесо во болница… Не бев свесен како беше, само слики вака што така“, вели Фатон Синани.

Има повреди на грбот. Вели, очекува стабилно да застане на нозе. Во неизвесност било 7 членото семејство Синани. На таткото Абдула мобилниот телефон му се изгасил, последно што чул било кога Фатон влегол во такси возилото.

Со син ми неговиот близнак постојано бевме пред куќата, но не можевме да издржиме, имавме грчеви, имаше метро и пол вода, вели таткото.

Фатон е еден од многуте преживеани кои ги погоди саботното невреме. Сега доживотно ќе носи белег за тоа како надојдената вода го носела низ Сингелиќ.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17601

Trending Articles