Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

Две возила заглавиja на поплавениот пат во Кичево, но беа извлечени, утрово се чисти калта

$
0
0

Синоќа во Кичево имаше краткотраен пороен дожд кој на магистралниот пат Кичево – Охрид на местото викано „кај Млинот” предизвика собирање на вода на места и до висина од половина метар, известува Дирекцијата за заштита и спасување.

kicevo

„По брзата интервенција на полицијата која го преусмеруваше сообраќајот кон споредните улици и Дирекцијата за заштита и спасување заедно со припадниците на противпожарната единица кои со помош на пумпа ја исцрпија водата, во многу краток период патниот правец беше оспособен за сообраќај“, известуваат од ДЗС.

Според подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување поројниот дожд не предизвикал штети на други објекти освен на две возила кои беа заглавени во водата а биле бргу извлечени. Сега е во тек отстранувањето на насобраната кал на тој дел од сообраќајницата.

Дирекцијата за заштита и спасување преку вработените во Подрачните одделенија ја следи ситуацијата на терен и ако има потреба ќе активира дополнителни сили и механизација за справување со настанатите ситуации, известуваат од таму.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

Trending Articles