Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Фатен последниот воз за еврообврзницата –во Министерството за финансии им било јасно дека кредитниот рејтинг ќе падне

$
0
0

Владата го фати последниот воз за издавање на еврообрзницата од 450 милиони евра, затоа што од вчера кредитниот рејтинг на Македонија според рејтинг агенцијата Фич е спуштен од „ББ+“ на „ББ“.

euros

Според соопштението на агенцијата Фич, што во петокот вечерта го пренесе Ројтерс, намалувањето на кредитниот рејтинг со натамошна негативна перспектива се должи на „обвинувањата за корупција што ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“, како и „ опструкциите што во истрагите за корупција на високо ниво му се прават на Специјалниот обвинител“.

Во Министерството за финансии им било јасно дека кредитниот рејтинг на Македонија ќе биде спуштен минатиот месец кога луѓето од рејтинг агенцијата Фич биле дојдени за нова проценка, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Министерството. Затоа и Владата брзаше по секоја цена да се задолжи кај странските инвеститори.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Trending Articles