Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) 50 мртви, 100 повредени- расте бројот на жртви во нападот на свадба на Турција

$
0
0

napad-3-520x289

Бројот на жртвите по нападот досега се искачи на 50, со речиси 100 повредени лица, велат од канцеларијата на локалниот гувернер, пишува Би-Би-Си

Бомбашкиот напад беше извршен за време на свадбена веселба. Меѓу жртвите има жени и деца.

Турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек изјави дека експлозијата во Газиантепе, што се наоѓа во близина на границата со Сирија, веројатно е дело на атентатор самоубиец.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган утринава изјави дека групата Исламска држава најверојатно е наредбодателот на синоќешниот напад.

Засега ниту една терористичка организација не ја презеде одговорноста за крвавиот терористички акт.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Trending Articles