Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Тачи по распитот во СЈО: Кога правото зборува, политиката треба да молчи

$
0
0

Кога правото зборува, политиката треба да молчи, ова беше единствената изјава на лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи по распитот во Специјалното јавно обвинителство.

taci-sjo-1[1]

Тачи во СЈО се задржа еден час, но не сакаше да каже повеќе детали за тоа во кое својство е повикан и за кои случаи беше испрашуван.

Во СЈО се уште е претставничката на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК, Силвана Бонева,  која исто така пристигна во 11 часот.

Според информациите, денеска на распит е повикан и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, но тој се уште не е пристигнат во СЈО.

Нема официјални информации за кој случај СЈО ги повика Тачи, Бонева и Ибраимовски, но неофицијално се шпекулира дека станува збор за случаите за изборни нерегуларности и манипулации, што произлегуваат од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата минатата година.

Мета


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Trending Articles