На детското одделение во кавадаречката болница е вистински ужас. Според фотографиите кои што ги добил порталот РеволуционерМК денес од родители на хоспитализирани деца може да се види дека болницата претставува само една обична амбуланта со мизерни услови.
“Ова не личи на болница, туку на некој шатор од црвен крст, погледнете ги фотографиите и се ќе ви стане јасно. Инфузија на мало детенце му ставаат а како држач-потпора ставаат отпаден картон, исхраната е “со одличен квалитет”. За децата ни даваат храна односно пасиран компир во чашка од јогурт, се рабира лажичка да си носиме од дома, а за родителите една кришка леб и едно варено јајце. “, напиша родител на хоспитализирано дете.