Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Бројката на загинати во земјотресот во Италија достигна 247 лица, премиерот Ренци најави вонредна состојба

$
0
0

Во земјотресот, што вчера ја потресе централна Италија, досега загинаа 247 лица, а италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба.

italija

Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека спасувачите и натаму трагаат по преживеани од под урнатините на девастираните планински села.

Стотици лица се повредени, од кои поголемиот број се во хаотична состојба, пренесуваат француските медиуми.

Не е познат бројот на преживеани и загинати, кои се уште се наоѓаат под урнатините.

Подрачјето во централна Италија, кое веќе беше погодено од силниот земјотрес, утринава беше потресено од нов удар со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што вчера наутро, во  03.36 часот, ја потресе областа во близина на градот Перуѓа, на околу 170 километри североисточно од Рим, се почуствува на поширокото подрачје од централна Италија. Најтешко е погодено подрачјето меѓу регионите Лацио, Марка, Умбрија и Абруца.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Trending Articles