Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

ФК Шкендија: Натпреварот го следеа и Заев и Пешевски, упатени беа покани и до Димитриев и Иванов, ама не дојдоа

$
0
0

Државниот врв добил покана за вчерашниот натпревар, но тие не се одѕвале, велат за НОВА од фудбалскиот клуб Шкендија кои по вчерашниот пораз од белгискиот Гент со 4:0 ja изгуби шансата за влез во групната фаза во Лигата на Европа.

shkendija

Од фудбалскиот клуб велат дека нивните достигнувања секогаш се ставени во втор план. Оттаму посочуваат дека тимот не може да ја контролира ситуацијата на трибините и велат дека се против тоа што тимот се искористува за политички цели.

– На натпреварот вчера присуствуваа и опозицискиот лидер Зоран Заев и вицепремиерот Владимир Пешевски. Посебна благодарност до Пешевски кој редовно ги следи нашите натпревари. Имаше покана и за претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и за актуелниот премиер Емил Димитриев и сите се добредојдени. Што повеќе да направи Шкендија? Зошто секогаш сме мета на политички поени? Ве молам, 5 Македонци ми играат во клубот, генералниот секретар е Македонец, ако Шкендија е националистички клуб не знам кој. Имало скандирања на натпревари и против Албанците и против Македонците, што треба да се прави, ние да се занимаваме и со ситуацијата на трибините, вели за НОВА директорот на клубот Ибраим Рамадани.

Инаку, провладините медиуми во текот на денешниот ден објавуваат текстови во кои го критикуваат и прогласуваат за предавник лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој го следеше натпреварот од трибините. Сепак, тие не напишаа ништо за Пешевски и неофицијално и поранешниот премиер Владо Бучковски, кој исто така бил да го проследи натпреварот.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles