Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17551

Исчезнатиот авион паднал во близина на Велес

$
0
0

Телевизија Нова неофицијално дознава дека авионот кој исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром се урнал во атарот на велешкото село Ветерско, на околу 5 км од Катланово. Екипите за брза помош веќе се на теренот.

avion1

Претходно од МВР за Телевизија Нова потврдија дека има авион кој исчезнал од радарот на скопскиот аеродром.

Неофицијално станува збор за авион марка „Пајпер“ со германски национални ознаки кој полетал од Тревизо – Италија и во него имало 6 патници. Авионот би уредно пријавен за дополнување гориво на Скопскиот аеродром.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17551

Trending Articles