Поради обилните дождови најкритично во моментов е просторот околу зградите на Министерство за надворешни работи и Управата за финансиска полиција, блокирано е секакво движење уште на почетокот на мостот и кај зградата на МНТ, објави Центарњуз.
Истотака поплавен е просторот кај музејот на ВМРО и новиот театар, пруситни се припадници на полицијата, противпожарната единица, а и приватните компании се вклучија со нивна механизација, а со пумпи се извлекува водата.
Екипата на Centarnews беше на местото на настанот, од таму забележале огромно свлечиште предизвикано од големото количество вода пред зградата на МНР каде се гради нова зграда и каде нема потпорен ѕид, со што постои опасност да се урне зградата на Управата за финансиска полиција како и опасност по животот на граѓаните.
Најверојатно поради свлечиштето во ископот имаше потопено багер, а водата што се црпи беше истурана преку кејот на пешачката патека кон реката Вардар. Милионските згради од проектот „Скопје 2014“ го покажаа своето лице, потрошени се преку половина МИЛИЈАРДА евра, изградени пред една година, а постои можност да се срушат од дожд.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
