Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Уште ја држи на сила типот. Лом ја направи, ја силува, ја докраде, ја задолжи…

$
0
0

Си беше едно девојче, генерација 1991. Беше убаво, малечко и сите го сакаа. Девојчето растеше во турбулентно време и на свои пубертетски, наивни 15 години беше прелажано од еден „тип“ и тргна со него.

dojranliev

Минуваа години. Девојчето полнолетна стана со него. Најубавите години и ги осакати типот со неговиот болен ум. Иако млада и убава со типот фати по лош пат и младите почнаа да ја избегнуваат.

Денес и е роденден. Слави 25 години.

Уште ја држи на сила типот. Лом ја направи, ја силува, ја докраде, ја задолжи и еба мајката. Еве десет години на сила како се заедно. Она го фати дека ја изневерува, но никако да го откачи оти тој и е закачен како пијавица, како крлеж, како смок на виме од крава и цица ли цица. Ја натера и на оргии со братучеди, со кумови, со пријатели, со соработници, со коалициони партнери. Секој кој стигна од неговите блиски ја злоупотреби.

Целото нејзино злоупотребување си го снимаа, оти се болни умови и си се палеа на снимките да си се слушаат и гледаат и со тоа да си го хранат болното его. Снимките им излегоа во јавност и за нив до ден денес велат дека се од странски служби и дека се сечени, лепени и монтирани и дека тие никако не ја злоупотребувале.

Веќе девојчето е возрасно и не толку наивно. Ќе му влепи шлаканица кај и да е!!

Среќен роденден несреќо

Александар Дојранлиев
фејсбук статус


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Trending Articles