Активистите на „Битолското движење“ вечерва со нова герила акција ги пречекаа претседателот на државата Ѓорге Иванов и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска на црвениот тепих на отворањето на меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Герилата акцијата беше изведена во моментот кога Иванов заедно со министерката чекореа по црвениот тепих, а активистите на Битолсото движење извадија три транспаренти.
На транспарентот за Иванов пишуваше „Хорхе = банално зло“, на вториот кој и беше наменет на министерката за култура стоеше „Веома врло културно“, а на третиот со порака за двајцата беше напишано „Маските долу“.
Активистите им довикуваа на Иванов за да му го привлечат вниманието и да ги прочита пораките наменети за него и за министерката за култура.
Претседателот помина на црвениот тепех, се фотографраше, но влезе на гала претставата без да даде изјава.