Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17594

(ВИДЕО) Алсат -М во Пустец: „Гласаа за Никола. Градоначалникот им кажа.“

$
0
0

Екипата на Алсат-М вчера направила кратка репортажа во селото Пустец кое „крие приказни кои ќе се раскажуваат со години и децении“.

-Кога влеговме во Пустец, веднаш се расчу дека во селото дошле новинари. Но, селаните беа љубезни и сите со кои застанавме да разговараме, не бегаа ниту од камерата, ниту од прашањата. Во селото има околу 1000 жители, од кои 98 проценти етнички Македонци – пишува Алсат -М.

За Алсат -М зборуваше Чичко Спиро кој вели дека доби лична карта и гласал во Мкаедонија за Вмро-Дпмне. Пред три години лична карта му издале во Ресен, а гласал во Кичево.

И неговиот имењак Спиро Танасиј гласал на локалните избори пред три години. И тој гласал за партијата за ВМРо-то во Ресен.

– Селаните од Пустец станаа граѓани и скопски фаци за време на локалните избори. Најголем дел од нив гласаа во општина Центар. Жителите кои доаѓаат од местото во кое времето како одамна да застанало одлучуваа за новиот изглед на македонската метропола – пренесува Алсат -М.

Една жена од анкетираните жители на Пустец вели дека луѓето од тука гласаат за Груевски оти така им кажал градоначалникот.

-Додека снимавме низ селото, пристигна и градоначалникот Темелко. Наместо да не поздрави и како добар домаќин да ги поздрави сонародниците од Македонија, тој нервозно ни се нафрли со обвинувања и почна кавга.Не ни даде изјава, ама добивме придружба. Цело време по нас низ селото одеа три автомобили кои го следеа секој наш чекор. Иако еден од селаните не покани и на кафе во неговата куќа и рече дека ќе ни ја покаже и македонската лична карта, сепак веќе стана јасно, дека добредојдето во Пустец, не било наменето за секого. Луѓето во автомобилите кои одеа по нас, буквално ни пратија порака, одете си. Си заминавме без поздрав за среќен пат-  – пренесува Алсат -М.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17594

Trending Articles