Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431

Началникот на Алфите, Пуки, без најава ги вклучи сирените во амбасадата на САД

$
0
0

На 15 септември, само неколку часа откако СЈО објавува дека ги поднесува првите две обвиненија, се огласила сирената во амбасадата на САД, а на разгласот повеќе пати се повторувало „Ова не е вежба“, пренесува Призма.

USEmbassySkopje

Причина за сирените е присуството на дваесетина Алфи во близина на амбасадата, што довело до активирање на американските безбедносни протоколи и инструкции за вработените да се тргнат од прозорците и да се засолнат.

Целата драма траела околу 20-тина минути, околу 16 часот, поради, како што се покажало, ненајавената вежба на полициската единица Алфи кои симулирале реакција во случај на терористички напад на амбасадата на САД, без за тоа да ја известат самата амбасада.

Вежбата на полициската единица за прв одговор и интервенции, во јавноста позната како Алфи била изведена по наредба на началникот Ивица Анчевски – Пуки. Тој побарал сите тимови во Скопје, со комплетна опрема да се упатат пред амбасадата за да се процени колку време им е потребно на единиците во случај на терористички напад.

Меѓутоа, амбасадата на САД за таква вежба не била однапред информирана, што е редовна процедура во случај на вежби.

Извори на БИРН велат дека за симулацијата освен амбасадата, не знаеле ниту директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, ниту министерот Оливер Спасовски. Операцијата била по наредба на Пуки, началникот на Алфите.

Следниот ден бил одржан состанок помеѓу претставници на МВР и амбасадата каде што бил констатиран и признаен пропуст од страна на македонските безбедносни сили. Пуки, началникот на Алфите, за „пропустот” заработил опомена од Ивица Вучевски, началникот на СВР Скопје и негов непосреден надреден.

Во амбасадата на САД само ни потврдија дека имало вежба и не упатија на Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот, кој што поминал без посериозни последици, но со видлива вознемиреност кај персоналот во амбасадата, отвора повеќе прашања.

Прво, тајмингот. Дали е случајност Алфите на својата рака да решат да „вежбаат“ пред амбасада токму истиот ден кога Катица Јанева ги поднесува првите обвиненија, во кои се осомничени и функционери на МВР?

Ивица Анчевски – Пуки, кој е еден од осомничените во предметот “тортура” кој го отвори Специјалното јавно обвинителство. СЈО во истиот случај покрена истрага и против шефот на УБК Сашо Мијалков кој како нарачател овозможил незаконско постапување и мачење при апсењето на Љубе Бошкоски.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17431