– Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам моето писмо со оставка од претседател на Владата на Македонија која ќе биде ефективна сто дена пред одржувањето на изборите – рече Никола Груевски, во вечерашното обраќање кон јавноста.
„Македонија мора да оди напред и ние со народот ќе се избориме за тоа. Вие народот на Македонија сте нашата потпора и јас ова го правам за вас. Вие сè знаете, никој не смее да ве потценува, вие одлучувате. Јас на следните избори нема да губам време на стари препукувања. Ќе се фокусирам на сериозните прашања и планови, мојата програма ќе биде за тебе, за твоето семејство. Јас стојам на зборот. Изборите на 24 април ќе го тргнат облакот на неизвесност. Денес правам важен чекор за вас и едвај ги чекам сите разговори со вас“, рече Груевски.