Неделникот Република, „ексклузивно“ го открива планот на СЈО до изборите, кој, според текстот бил договорен со СДСМ.
Неделникот наведува повеќе случаи за кои до сега СЈО нема најавено истрага. Дали овој текст го покажува стравот во ВМРО ДПМНЕ за тоа, кого очекуваат да биде осомничен/обвинет?
Според Република, до 11 декември Специјалното обвинителство ќе излезе со 13 до 16 барања за истраги и 6 обвиненија, во кои ќе бидат опфатени повеќе луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а со јавните прес конференции директно требало да се „атакува“ врз нивниот углед, употребувајќи политички етикети, а со цел да се влијае на нивниот кредибилитет.
Република наведува дека до изборите ќе има обвинение за случајот со изборни нерегуларности „Титаник“.
Меѓу случаите за кој се работело забрзано од страна на СЈО, како што пишува неделникот, е да се отпочне со истрага за набавката на новите шкода возила во МВР, каде што ќе се утврдува економски криминал.
Исто така забрзано се работело и на покренување на истрага за изградбата на автопатот Демир Капија Смоквица. Весникот, близок до владејачката партија, прогнозира дека СЈО ќе продолжело и со лична дискредитација на Груевски, со тоа што СЈО ќе отвори истрага и за набавка на службениот мерцедес за потребите на ВИП гости кој го поседува МВР и кој ги задоволува највисоките безбедносни стандарди.
Тоа е возилото „ОНА НА М“ за кое Груевски бара да има и екрани на задните седишта, кога ќе се вози со децата да има што да гледаат, а истото возило ќе го користи кога ќе оди на пат надвор од Македонија или таму каде што нема да го чекаат новинари. И, кое е најскапо возило што производителот го продал на територија на Југоисточна Европа со цена од над 600 илјади евра.
-Во обид СЈО да ги престави како злосторничко здружување, СЈО ќе ја испитувале легалната градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и имотот на партијата, како и приходите кои ги имала во минатото, иако се е чисто и транспаретен начин дстапно-прогнозора, пресудува и заклучува во текстот Република.
-Притисок СЈО ќе врши и врз медиумите. Истражителите на СЈО собирале информации и за работата на одредени новинари кои отворено ја критикуваат СДСМ и СЈО-пишува Република.
Порталот се става и во одбрана на ДУИ. -СЈО и СДСМ нема да го поштеди во политичката битка ниту ДУИ. Имено, на СДСМ отворено атакувајќи на албанските гласови со повиците за редифинирање на државата и вметнување на албанскиот јазик како втор службен јазик на територијата на целата држава, очигледно му смета ДУИ, а воедно сака да ја фавоиризира и БЕСА .Токму затоа СЈО се заангажирало да го испита и неуспешниот попис, и доколку може и тука да се скандализираат некои аспекти-заклучуваат во Република.
Текстот во целост прочитајте го тука