Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

„Утешна“ награда за Анета Арнаудовска –претседателка на Кривичниот суд, на местото на Панчевски?!

$
0
0

Вечната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, според информации на „Сведок“, се таксала да биде нова претседтелка на Кривичниот суд во Скопје.

tn1_20161025_150624_arnaudovska[1]

Мандатот на сегашниот претседтел Владимир Панчевски истекува на 4 декември, а на почетокот на октомври беше распишан оглас за избор на нов претседтел. Извесно е дека Панчевски нема да добие нов мандат, но него се му штои едно отворено место во Републичкото обвинителство на Марко Зврлевски, каде што се очекува да се вдоми.

Директорката на Академијата, Арнаудовска, која незаконски повеќе од две години ја води Академијата, со измени на закон, посакала да биде шефица на единица, а тоа требало да биде „утешна“ награда, откако Стразбур ја исфрли од листата на кандидати за судија на Судот во Стразбур, бидејќи била само основен судија, а во последните 10 години не влегла во судница, туку била административен писар, водејќи ја академијата.

Арнаудовска формално е судија на Основниот суд Скопје 1, чиј мандат мирува, иако до сега, според сите закони, Судскиот совет требаше да ја разреши, штом по максималните два мандати пред две години не се врати во судот.

Арнаудовска, претходно имаше неуспешни обиди да стане и судија на Врховниот суд но Судскиот совет не ја избра.

Сега, според судски извори, ова и е последна шанса да се добере повторно до некоја раководна позиција. Доколку не успее пак, треба да влезе по 10 години во судница и да суди, што нема да и биде лесно, бидејќи во меѓувреме се измени законот за кривична постапка, и постапките се комплетно променети.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17349

Trending Articles