Денеска напладне провладините медиуми објавуваа фото галерија од ад хок “прошетка“ на Никола Груевски, сам низ центарот на Скопје.
Премиерот несвојствено за него наместо 24 /7 во кабинетот на Илинденска број 2 по синоќешното обзнанување дека дал оставка на почек и денешната средба со еврокомесарот Хан, релаксиранo, во строгиот центар, осамен, разгледува книги на тезга.
Провладините медиуми објавуваа фотографии како “спонтано“ неколкумин граѓани му пријдоа да се поздрават или да се сликаат со него.
Меѓу нив беше и една госпоѓа која се задржа во кус разговор со него, онака на улица, од нога.
Но опозиционерите веднаш во неа ја препознале директорката на училиштето Кочо Рацин, членка на Унија на жени на владеачката ВМРО ДПМНЕ.
И додека провладините на оваа режирана “релаксирана“ прошетка на премиерот со оставка на почек објавуваа фотографии како му приоѓаат граѓани да се поздрават со него, забавата им ја расипа камерата на порталот А1 он.
Еве го видеото од режираната “релаксирана“ прошетка, евтин маркетиншки трик за големите симпатии што Груевски ги ужива кај народот.