Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Бошкоски: ВМРО-ДПМНЕ не може да ме купи, тука завршуваат сите приказни за некаква торба со 300.000 евра

$
0
0

„Никој не се обиде да ме поткупи по излегувањето од затворот во Идризово“, изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното интервју во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

boskoski_vo_top_tema-1

„Тука завршуваат сите приказни за некаква торба со 300.000 евра. Зарем Љубе Бошкоски во последните 10 години не докажа дека е човек кој не може да биде купен и дека не е човек за на политичкиот пазар.“, рече Бошкоски.

На прашање на водителот Александар Чомовски, дали денеска би ги повторил зборовите: „Николче диктаторче и неговата екипа ја претворија Македонија во „Долина на волците“ заедно со братучед му од тајната полиција.“, кои ги изговараше во изборните кампањи пред повеќе од пет години, Бошкоски истакна дека денеска тоа други го кажуваат и дека е работа на СЈО и на другите наделжни институции да утврдат дали актуелната власт направила криминал.

Бошкоски, исто така, изјави дека не е задоволен што Груевски владее со Македонија иако како што рече, бил еден од неговите најактивни поддржувачи кога бил избран за лидер на ВМРО ДПМНЕ.

„ Во тоа време јас верував во него и мислев дека може Македонија да ја извлече од економската криза. Мислев дека може да посвети повеќе време на економијата, а идеологијата да ни ја остави нам, на старите ВМРО-вци.“

Според Бошкоски, јавноста ќе биде шокирана кога на виделина ќе излезе вистината за случајот „Кампања“ и порача: „Сега некој друг има немирен сон. Мојата совест е чиста.“


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424