Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17444

(ВИДЕО) Стивна магичниот глас- почина Леонард Коен

$
0
0

Пејачот и поет Леонард Коен почина во четвртокот на 82-годишна возраст. Ќе го паметиме по безбројните хитови и прекрасната лирика. Нема детали за причината за неговата смрт.Коен беше еден од највлијателните музичари и текстописци кој се појави во 1960-те години, заедно со други легенди како Нобеловиот лауреат Боб Дилан и сонародникот Џони Мичел. Неговиот впечатлив баритон и поетската лирика раскажуваа приказни за љубов, омраза, смрт, војна и мир, со што ја заработи титулата „висок свештеник на патосот“ и „кум на мракот“, пишува Дојче веле.

leonard-cohen

Неговото дело опфаќа пет децении во кои објави 14 студиски албуми, од кои последниот минатиот месец.

Коен беше роден во канадската провинција Квебек, каде како тинејџер формираше фолк група и ги издаде првите песни. По матурата се пресели на грчкиот остров Хидра од каде ја објави првата колекција поезија и две новели.

Се пресели во Њујорк во 1966 и ја започна музичката кариера по средбата со фолк-пејачката Џуди Колинс. Набрзо стана познат како пишувач на песни кои имаа големо влијание врз други познати музичари од од период, вклучително и Вили Нелсон и Џејмс Тејлор.

Во следните две децении продуцираше безброј песни и албуми.

Но, во 1995 Коен ја прекина музичката кариера и стана будистички монах. Се нарекуваше себеси Џикан, што значи тишина, и не објавуваше песни цели шест години.

Во 2005 беше откриено дека неговиот долгогодишен менаџер крадел пари од неговиот пензиски фонд во износ од околу 5 милиони долари. За да си ги врати средствата Коен започна епска светска турнеја меѓу 2008 и 2013, со вкупно 387 настапи.

Нема детали за причината за смртта. Во 2008 година, Коен беше примен во Рокенрол холот на славните.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17444

Trending Articles