Вечерва на полноќ, кога истекуваше рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници до ДИК, на својата Фејсбук страница, СДСМ објави видео спот за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е носител на кандидатската листа во 4-та изборна единица, каде е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Видеото на СДСМ е објавено со пораката „Никола Груевски, носител на криминалот во Република Македонија. Изборна единица 4. Тој го создаде криминалот. Зошто нема да гласате за него?“
Дополнето:
СДСМ објави видео и за Илија Димовски: Бранител на криминалот во Собрание и преку пропагандата
СДСМ објави видео и за Никола Тодоров: Човекот кој убива под заштита на криминалот