Во насловот на „Лос Анџелес Тајмс“ стои – „Трамп како кандидат силно удирал по Ферералните Резерви, но како предстедател ќе треба треба да капитулира пред нив“. Ова е доволна порака за тие кои се самозадоволуваат со победата на Трамп. Во САД со избори не се менуваат важните стратегии туку наважните политики. Кој и да победи, системот содржи бројни имунолошки механизми за заштита од будали кои по некоја случајност постануваат важни. Тука не мислам само на Конгресот кај што Трамп не е многу пожелен ниту кај бројни негови републиканци, туку и на многу други клучни играчи кои невидливо ги влечат конците. Тука се – Федералните Резерви, петрол-индустријата, воено-индустрискиот комплекс, Вол Стрит, Кох Индусри, Ексон Мобајл, Шеврон, Маратон Оил, а да не зборуваме за Бретон Вудс и слични финасиски светски гиганти.
Веднаш по завршвањето на изборите, од сајтот на Трамп исчезнаа „забраната за влез на Муслимани“, а и здравствените реформи на Обама не биле толку лоши, иако низ целата кампања ветуваше дека целосно ќе ги укине. Интересно што светот падна во шок и кога во осумдесететти години на минатиот век на избори во САД доби „кауобојецот“ Роналд Реган, ама тој станал најуспешен претседател по војната. Но, популистите од демократските држави се свесни за блокадите, па затоа тие во текот на мандатот настојуваат да се прикажаат како успешни во важни полиња од општеството, за да лагите им бидат простени. Тие знаат дека таму само еднаш можете да ги излажаете гласачите, за разлика од Груевски и Ахмети, кои само по некоја грешка може да ја кажат вистината. Уште повеќе, кај нас е изграден цел институционален систем за масовна превара и лага.
Се радувале овдешните неуки дека победата на Трамп е истовремено е и нивен спас од загубата! Дека е спас за злосторничкото здружување во кое се опфатени водачи на партии и државата, министри, други јавни функционери, судии, обвинители, новинари и медиуми, кои ќе треба да одговараат за тешки злодела. Но, во Трамп гледаат барем како на надеж, исто како што лисицата со денови го бркала овенот мислејќи дека ќе му паднат тестисите (мудата), па да се прејаде. Геостратегијата на САД не се прави со умот на Груевски и Ахмети – пет години ќе го лажеме Западот, а потоа пет години Путин, а дотогаш грабежот ќе стаса на пет милјарди евра. Грабеж од историски размери што е несфатливо и за болни клептомани.
Во САД не се води држава со логиката на наредните избори, туку на наредните генерации. Генерации кои нашите лудаци или ги избркаа или ги задолжија до седмо колено, соодветно клетвата на Ѓоле.
Економски развој
Врвни странски експерти за ресурси и инвестиции кои спонзорирани од нивната влада, добро ги проучиле развојните реалности во Македонија. Според нив, прв фокус треба да ни биде 12 месечниот планински туризам со чист воздух и таргет би ни биле европски пензионери. Во системот јавно-приватно партнерсто, државата би ја градела инфраструктурата, а приватниците би граделе куќи по етно-селата, мотели, хотели и попратни објекти во рурален стил и амбијент. Потоа силна реклама и организиран транспорт. Според нив, такви прекрасни региони во Македонија има најмалку пет. Првиот регион е мавровско-дебарскиот се до Струга. Вториот е Галичица. Третиот е Тиквешијата до Кожуф. И четвртиот е Калиманци, Делчево и Берово. Тука би се одмарале истовремено околу 150 илјади туристи со сите потребни дополнителни услуги. Тоа ќе отвори околу 100 илјади директни работни места и двојно повеќе индиректни. Вториот стратешки развоен сегмент според нив е водата за пиење, вклучувајќи ги минералните и бањските води кои кај нас во голема мера се неексплоатирани. И на пазарот на мало, сега веќе цената на водата е повисока од цената на нафтата. А насекаде во светот е повисока од цената на суровата нафта. Но, кај вас има се освен ум, вели еден од експертите. И третото, според нив, би било модерното земјоделие кое веќе би имал добар пазар при развиен туризам. Но, ваков опсежен проект бара нови луѓе и нов ум.
Но, нам како непоправливи мазохисти ни е поубаво да живееме од лаги, превари и манипулации. Политичките преваранти свесно го осиромашија народот за да го купат евтино. Луѓето очекуваа капка вистина а добија море од лага. Многу е инвестирано на скапи лаги за да се добијат огромни евтини души. Оти кога ќе го доведете човекот до работ на екзистенцијата, тогаш тој за ситно нешто ќе ви ја продаде душата. Исто така, тука уште има бројни неуки гласачи кои уживаат во радосната лага, па ако треба и ќе гладуваат, и од свои деца ќе се откажуваат. Се даваат за добра патриотска лага, кое е мелем за увото, а отров по неговиот живот.
Ветувањата
Додека сите во регионот се одалечија од нас, ние продолжуваме да ги слушаме побратимите Груевски и Ахмети за “странските сили“ и “мрачните сили“, и тешко сфаќаме, доволно е овие двајца да станат пред огледалото, за да видиме кои се вистинските мрачни сили, поради кои на милиони луѓе им паѓа мрак во очите. Владееле како мрачна секта. Таквата криминогена секта смислила збир на мрачни сатанистички ритуали за да ги убеди луѓето во добрината на силите на мракот и злото. Да ги убеди дека ѓаволот е господар на вистинскиот рај. Сектата цело време морала во чест на големиот сатана Милоха да принесува жртви кои Нимрода требало да ги одобрува. Всушност тоа е манипулација со енергијата на свеста со помош на повеќе ритуали кои ја спојуваат невината човекова свест со мрачната рептилска свест, познато како – колубер (огромна змија). Целта на овај сатанизам беше кај сектата да се создаде стравопочит, чувство на вина, послушност и покорност. На крајот, членовите на сектата без исклучок завршуваат страшно лошо, а многу често и кобно. Тој што го подржува ѓаволот го добива пеколот.
Сатанистичките лидери продолжуваат со нови ветувања надевајќи се дека сеуште луѓето ги држи магијата. А што би можеле тие да нудат за да тоа биде разумоа за елементарна интелигенција?! Еконмски напредок?! Па ние бевме скоро средноразвиена држава до пред десет години, а сега сме во друшто на 10 најсиромшни држави на светот (со Еритреја и Етипија)! Вработување за младите?! Па тие за 10 години од државата иселиле околу 650 илјада лица, најмногу млади перспективни кадри, готов производ кои на државата и родителите им чиниле над 150 илјади евра секој. Со вакво владење, за 20 години како единствени жителои тука би останале само спомениците. Ќе ветуваат добро образование кај што примиле неписмени професори?! Подобро здравство, каде што се умира и од слепо црево?! Двојно посиромашни од пред 15 години, а три пати позадолжени. Секој граѓанин овие десет години е оштетен за пет илјади евра (2,5 илјади кои му се украдени и 2,5 што ќе треба да врати). Ќе ветуваат подобро судство од овие што паѓаат во несвест кога треба да делат правда?! Во нашето судство ако сте пријавиле владин арамија, судот ќе ве натера да му платите дебела отштета. Фридом Хаус не смести од делумно слободна земја во неслободна. Репортери без граници од 34 место не сместија во долното 118. Но, тоа говори многу повеќе за нас што воопшто оваа гарнитура учествува на избори. Таа е страшна подвижна несреќа која не брка цели 11 години. Таа не знае што е чест и морал, и пак виновниците се на изборните листи кои во нормалниот свет би биле во политички посмртни листи.
Конечно, треба да сфатиме дека не може никој да ни помогне ако самите себе не помогнеме. Сега е моментот, или ние да ја докрајчиме таквата власт или таа неповратно ќе не докрајчи нас. Со неизлегување на гласање само се продолжува агонијата. Лошите водачи се избираат благодарејќи на добрите граѓани што не излегуваат на гласање. Поинаку ќе продолжиме да живееме со квалификацијата дека демократијата е процес кој гарантира дека нема да се владее со нас подобро отколку што самите заслужуваме. Треба да се потрудиме за да го добиеме тоа што го посакуваме, поинаку ќе не натераат да го засакаме тоа што ќе го добиеме.
Мерсел Биљали