Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Стево Продановски и Рада Шукуровска нема да одат на избори –ДИК целосно ги отфрли листите на СДПМ

$
0
0

Државната изборна комисија по повторното разгледување и констатирање низа неправилности, денеска на седница едногласно реши целосно да ги отфрли кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) за предвремените избори на 11 декември.

dik

Членот на ДИК Атанас Урумов образложи дека ДИК при повторното разгледување на оригиналните документи од СДПМ увидела несовпаѓање на потписите на одредени кандидати во изјавите што треба да ги потпишат, некои изјави биле со датум 11 мај 2016, а имало неправилности и во изјавите за неосудуваност и друго. Неправилности се констатирани во листите на СДПМ за сите изборни единици.

Членовите на ДИК сметаа дека листите треба да бидат отфрлени, а партијата СДПМ има право да ја обжали одлуката во рок од 24 часа пред Управниот суд.

Силвана Бонева предложи листите да бидат отфрлени, а Игор Милев потенцира дека некој со умисла и свесно сакал да ја стави во заблуда ДИК.

Освен овие неправилности, на листите на СДПМ, носители беа лица со слични имиња и презимиња на кандидати од друга политичка партија.

Државната изборна комисија на денешната седница треба да го разгледа и усвои Конечниот извештај за пријавите на граѓаните чии записи во избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни.

Членовите на Комисијата треба да го рагледаат и усвојат и Конечниот извештај по поднесените пријави од државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а се пријавиле за гласање во ДКП.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Trending Articles