Скопјанец, кому родителите по нивната смрт му оставиле 15.000 евра, што ги чувале „под перница“, решил да ги однесе во банка. Но, по извесно време тие му биле оданочени со данок од 70 проценти, односно му биле одземени 10.500 евра, пренесува Плусинфо.
Упатените објаснуваат дека ова не е единствен случај. Голем број граѓани, исплашени од случувањата по распадот на поранешна Југославија, кога парите им останаа заробени во банките, своите заштеди долго време ги чувале „под перница“, за да подоцна почнат да ги внесуваат во банките. Но, сега тие се соочуваат со нов проблем – да докажат како се стекнати тие пари. Во спротивно, ќе им бидат оданочени – поточно одземени – повеќе од половина. Бидејќи сè уште нема регулатива со која таквите пари ќе бидат легализирани, и од која ќе бидат задоволни „двете страни“, излегува дека на граѓаните им е поисплатливо и натаму да ги чуваат дома.
Банкарите објаснуваат дека, според Законот за спречување на перење пари, имаат обврска да направат таканаречена анализа на клиент, доколку тој внесе на сметка сума од 15.000 евра, или поголема, независно дали е во девизи или во денари. За такви трансакции банкарите мора да ја известат Управата за финансиско разузнавање. Таа го анализира секој случај поединечно и во зависност од наодите, испраќа документи до некоја од надлежните институции. Ако документот стигне до Управата за јавни приходи, таа почнува постапка за утврдување на потеклото на имотот. Ако не може да се докаже како е стекнат, имотот се оданочува со персонален данок од 70 проценти.
(…)
текстот во целост прочитајте го тука