Аирлија работа ПР машинерии. ВИЕ ке ја борите битката. Политичарите одамна ја загубија. Треба да ви се изгради споменик на сред плоштад.
Она што е најбитно, се потпиша кодекс за фер и коректна изборна утакмица, на која сите фаци што излегоа светеа со самодоверба, или поубаво реченосите личеа на ‘’Деда Паун’’ у најлепши денови. А бе таква мизерија и хипокризија па макар била и протоколарна, немало ни у време на Хитлер кој со една рака галел дете на слика за да се покаже као ‘’добра душа’’ а со другиот прст му давал ишарет на помошникот да го качи у вагон во еден правец. Не знаеш дали да плачеш, дали да се смееш или најсериозно да се плашиш од големата листа на ‘’шуш – буш’’ муабети за можни сценарија околу изборите. Тој што ке рече дека ке бидат ова фер, демократски или секако француски избори, ја е луд ја е пијан. Што сакам да кажам? Во сите комбинации за Македонија нема назад освен да доживее тектонски промени во начинот на функционирање како апарат. Ако земеме да ја анализираме плејадата на листата која треба да се гласа, соочени сме со еден податок кој вели дека ако на овие избори победи повторно веќе уседената позиција чиј задник е со двокомпонентен лепак залепен за фотељите, Македонија може слободно да смета на тоа дека допрва ја чекаат ‘’џумбуши’’. Од друга страна, ако оваа власт по некоја комбинаторика дефинитивно треба да падне, најнаивното мислење е дека утредента по изборите Bob Rock ке излезе онака у високодемократски стил да рече ‘’ народот така одлучи, го почитуваме тоа’’. Алоо! Па тој е толку убеден дека го владее тој народ, што секој пораз ке повлече уште поголеми џумбуши. Жалосно е тоа што сите во ВМРО не се Грујо, таму има и луѓе кои се компатибилни со секоја влада, ама уште пожалосен е податокот кој вели дека феноменот Грујо е навлезен во потсвеста на една огромна маса која и понатаму јас ке ја наречам само маса. Зошто. Народ е категорија која еволуира. А, маса си е маса! Разликувајте народ од маса. Рајата си била и останала – раја! Еволуцијата како збор го нема во модерниот вокабулар на просечниот неизбричен, мрсносан, залутан во време и простор гласач на оваа палета современи ‘’дејци за Македонија’’. Не реков ни лопови ни криминалци. Презумција на невиност, де.
Зоран Заев има еден сериозен проблем. Проблемот се вика гледање на реалноста со широко отворени очи. Дали ке оствари се што ветува и колку ке оствари и тој и Грујо а и врапците на гранка знаат дека не зависи ама баш од никого освен од потребата на меѓународната заедница ( не реков од Кале, де) каков амбиент и уште колку треба да се одржи на ова парче земја. Не можам да верувам во наивноста на најголем број луѓе за кои сметам дека се писмени а мислат дека нешто зависи од нас унутра. Да! Зависи од нас, ама знаеш што?!? Која е дозата на послушност кон оние кои на маса после три пива може да пресечат дека – ‘’ не нема ‘’! Сите што се во вртлогот на врвот на политиката знаат дека ако нешто зашкрипи и не е по план, не ‘’Пржино’’, туку има утре да се изнаредат сите населби по една ‘’ пресудна за Македонија’’ округла маса на која сите ке и мислат добро и компромисот што ке го направат ке биде ‘’чекор напред’’ во развитокот на демократијата во Р. Македонија. Не е страшно тоа што има ‘’многу секс’’ во целата работа, туку со фигуративен јазик изразено, трагично е тоа што тие одозгора знаат дека ова сево е само коитус, а тие доле што сечат вени за МАкедонија сметаат дека ова е ‘’водење љубов’’. Која црна љубав бе друже. Не е страшно што си глуп, него што глуп ќе умреш а нема да разбереш дека земјата не е како што вели Миленко рамна како плоштина, туку е – округла како бостан!
Кој мисли дека албанците сакаат да ја грабнат Македонија во свои раце. Која будала ( не реков дека има многу) мисли дека било кој ке дозволи дисторзии на балканот кои можат да имаат страшни последици по геополитиката и регионалните текови чиј дириген не е ниту Крале Марко, ниту Милош Обилиќ, ниту Скендербег, него Вајат Ерп лично! Двојазичноста, мултиколоритот на поднебјето по многу основи се цивилизацијски придобивки. Се се ни опозиционерски ниту комуњарски. Најмалку Албански. Никој ништо не добива што не му следува и што не е нормално. Ништо спектакуларно не се случува сем во главите со испраните мозоци на десницата која ( аман веќе) перманентно ја брани Македонија од некого. Таа е меѓународно етаблирана, признаена држава во географски зацртани рамки онакви какви што се гарантирани меѓународно. Историја?!? Аман од историја. Не знам само кога ке биде пишувана историјата идните поколенија каква нишка на заедништво ке најдат меѓу ова ВМРО и она ( кој може да се заколне во историските вистини) од 903’-та! Цивилизациските текови сами по себе наметнуваат потреби од промени и од усовршувања на механизмите на функционирање на се и сешто, па и на државните апарати. Популацијата, читај народот на Македонија како демос има само една и единствена задача која ке ја гарантира исцртаноста до навек на светските мапи и листи на држави оваа наша земја. Единствената задача се вика усовршување на чипот во мозокот кој неминовно треба да има функција на правец на градење здрава социјално-економска и граѓанска, цивилизациски ‘’ up to date’’ држава. Се друго е не несриозно – туку погубно. За Грујо нема ‘’ очу-нечу’’. Тој треба да замине во историја. Начинот на кој ке замине ке го одлучи ( тоа му е впрочем задача) СЈО. Прашањето е само на кој начин. Секако никој не посакува тој начин да биде сценарио за трилер филм, па еден ден да гледаме ‘’филм је базиран на истинитој причи’’ , ама како што стојат работите на теренот филмови ке има.
Да бидеме реални. Штетата причинета на оваа држава во секоја смисла некој ке мора да ја плати, надомести, поправи и санира. Кој колку ке плати и дали ке плати најмалку зависи од вољата на народот. Ке зависи од верувале или не – рекетот! Што тресам ја сеа, каков црн рекет. Еве како! Велат, организираниот криминал тешко е да се истреби баш затоа што е организиран. Никој, ама баш никој не можел да краде ако не бил у екипа. Времето на индивидуалци е одамнма умрено. Е, сега, не постои единка која била во играта со медот а да не лижела прсти. За да се истера до крај работата и сите до еден да платат казна за тоа што биле лоши момци ке требаат години. Нема МАкедонија време за тоа, а башка ке испаднат на виделина такви гомнарии, што ке се прашаме дали е можно сето тоа. Затоа, висината на казните кои стојат на патот на сите оние што во вокабуларот на тие што вриштат ‘‘ уа лоопвиии‘‘, ке биде условена со рекетарење од типот ‘’ да не беше ти толку успешно чесен, немаше ни јас да бидам толку успешно нечесен’’. Народе, ајде сети се колку пати порано се дискутираше дали Бранко ке го апси Љубчо и обратно. Не биди глуп бе народе, има сите ние да голтнеме уште многу компромиси ‘’ ко попче сарма’’ и тоа се заради мирот у куќа, дефиниција од која се плашиме како деца од Баба Рога. Се останато е ПР. Овие избори по една работа ке бидат реално пресудни. Ке бидат или чистилиште или пат во неповрат. Чистилиште од аспект на промени кои ке го свртат бродот кон водите на граѓанското општество еднакво и бериќетно за сите, или еднаш за навек на многу нешта ке мора да им се стави крај. Каков крај!?! Е толку умен не сум. Треба да го прашаме Вајат Ерп. А,.. еве, Браќата Клејтон од една страна, од друга Док Холидеј,.. господ на помош!
Агим Јонуз