Вечерва на митингот во Охрид говор одржа и коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, Амди Бајрам. Неговите настапи вообичаено се комични па така беше и вечерва. Облечен во бунда од бизон, Бајрам се закани дека на 12 ти на бината ќе ставел голем кафез и во него ќе го ставел, како што рече, зајко.
Ова судејки според насмевките им се допадна на врвот на ВМРО ДПМНЕ. На ваквата “досетка“ на Амди се изнасмеа и секогаш намрштениот Сашо Мијалков кој стоеше зад неговиот братучед Никола и неговата сопруга Боркица.
И брачниот пар Груевски се расположи од говорот на грлатиот лидер од Шутка.
Само Зоран Ставревски остана сериозен и не реагираше на „духовитоста“ на Бајрам.