Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од митингот на косализијата предводена од СДСМ во општина Аеродром, вечерва одгворои на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за федерализација на земјата.
– Груевски ја измисли федерализацијата. Груевски е единствен во државата кој мисли за федерализација, тој и никој друг, зашто тој нема План, нема што да им понуди на граѓаните што ги ограби. Каква федерализација, какви бакрачи. Нема да дозволам никој да го смени уставот на РМ. Уставот наш гарантира мултиетичност, тој е либерален и европски устав. Федерализацијата е во главата само на неоанационалистите! Ви ветувам дека Македонија ќе биде едно општество за сите, дом за сите, правично општество за сите. И ќе има правда за сите – рече Заев.
(говорот на Заев почнува на 01 час и 04 минути во видеото)