Можеби ќе делува наивно, но сепак еден апел до вработените во куризираните медиуми:
Дами и господа,
Во периодов што ни предстои, секој од Вас (нас), треба да се соочи со сопствената одлука, сопствените дела, со сопствениот придонес, во разрешувањето на актуелната криза во нашата држава.
Република Македонија е пред историска раскрсница. Дали ќе прерасне во модерна, демократска, европска држава или ќе влезе во тотален мрак и ќе стане црна дупка во Европа.
Вашиот придонес може да биде во двете насоки.
Затоа добро размислете: дали вреди за Вашата не така голема плата (исклучок главните и одговорни уредници и мала група околу нив) да бидете обележани како луѓето кои што помогнале да биде уништена европската иднина на Македонија.
Секој од нас (вас), носи сопствена одлука за тоа на која страна од “барикадите” ќе се најде. Секој од нас (вас) носи одлука, за што вреди да го изживее својот живот. Таквата одлука ќе не (ве) прати целиот живот.
Токму затоа, апелирам до Вас да ја откажете Вашата послушност на Вашите нарачатели. Изборот е Ваш.
Бидејќи, ова не е и никогаш не била борба за власт. Ова не е и никогаш не била само борба на СДСМ против Груевски и неговата дружина.
Ова е борба на целокупната слободарска Македонија, против една криминална, диктаторска власт. Борба која секогаш завршувала со победа на слободата.
За да можеме после тоа заеднички да ја изградиме оваа држава. Слободна и демократска. Економски просперитетна. Татковина на сите нас.
Самите одлучите дали ќе бидете оружје на власта или ќе застанете на браникот на слободарска Македонија.
Вашата одлука зависи од Вас.
Петре Шилегов
фејсбук статус