Кампањата има три нивоа на интонација. Три ветра од три правци кои носат честички на се и сешто, а генерално смрад. Едното е повторно екотот на тапаните на национализмот и латентниот хушкачки ветер кон конфликт, вториот е ‘’револуционоерско – илери’’ реторика, а третата е ‘’ ние си играјте со нас оти знаеме се за вас’’! Па сега, интересно е тоа што цело време народот по кафани ставаше на опклада дека ке има немири, ама да чукнам у дрво, уште нема. Ако ја сублимираме комплетната песна во два делаа поделени по амбиент ја добиваме онаа шеговита досетка од секојдневието за кое ке ми простите на простаклакот што ке ја спомнам ( “it’s my style, so,..”) а вели – кој прди тој смрди, ама кој пува бог да чува!
ШТО ТОА ДРНДА ЗАЕВ ? како не се срами велепредавник!!!
Треба ли специјален телескоп да се види дека не дрнда Заев ништо, убаво си кажуе човекот. Ама кој да го слуша! Не е он крив што спротивната страна има идеална платформа у рајата за да ја пласира приказната за некакво негово велепредавство, за ‘’шиптаризација’’, за срам на народот од кој е роден и го претставува, за нечовек над нечовеците. Човекот има само една вина, а таа се вика гледање на состојбите во државата со широко отворени очи и со визија која дури и касни помалку. Не можам никако да разберам ниту после дваесет и пет годни вежбање демократија дека една огромна маса во народот сеуште не може да разбере дека еволуцијата дури и во политиката има апсолутен приоритет. Редефинирањето на државата по дифолт не значи исчезнување на Македонија. Една работа е евидентна а тоа е податокот кој вели дека ЗАев ги отвара сите можни порти за демократски прогрес во Р. МАкедонија вклучуваки и отворени прашања за ‘’нирванизација’’ на сите тензии кои го спречуваат општеството современо да функционира. Нити се македонците цвеќе за мирисање, ниту албанците кога зборуваме за вжештени глави кои веќе две децении профитираат врз нискоаналитичната аморфна свест на своите ткива. Дали некој смета дека Заев е глуп! Глуп е тој што смета дека е глуп!
Како прво, Македонија е земја со гарантирани зацртани меѓународни граници кои ни Св. Петар не може да ги смени без сериозни безбедносно конфликтни дејствија. Повикува на војна? Не! Повикува на откажување на македонецот од сопствениот идентитет јазик и култура? Не! Тој само вели дека секој, ама баш секој треба и има право да ја чувствува оваа земја како своја. Секој што е свој на своето. А, очигледно на ултрадесните ( до кога ВМРО ке глуми дека не е) тоа не само што со евентуалниот пад ке им ги ‘’јебе сметките’’ туку и најсериозно ке го доведе прашањето на смислата на десната радикална филозофија во Р. Македонија. Леви и десни се есенцијаално потребни во една демократија, зашто без постоење на спротивставености, не би зборувале за демократија и различност на ставови. Арно ама, нашето ниво на борба на спротивставеност на ставови, а во немање демократска историја, искуства, ниска свест со хиперзачинет примитивизам, најблаго речено може да се дефинира како трагикомедија. Повеќе трагедија од комедија.
Како второ, кој тоа ( ало ВМРО) може да каже дека велепредавството на една држава се оцртува како либерализација на афирмирање на мултиколоритот кој всушност е еден од носечките столбови на ова општество. Единствениот политичар во Р. Македонија кој без влакна на јазикот и со релен поглед на теренот имаше храброст да излезе и да каже ‘’ деца, албанците се наши браќа’’ е Зоран Заев. Може ние да се превртиме сто пати околу себе ( за поедноставно – г’с преку глава) и да вриштиме прашувајки се дали Гоце Делчев се превртува у гроб после зборовите на Заев. Тој истиот Гоце Делчев ( мега респект) јас како албанец кој бил образуван на македонски јазик ми се врежал длабоко со неговата синтагма ‘’ јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите’’. Како го подразбирате вие ( директно обраќање) ВМРО-вци тоа поле? Јас ке ви кажам како. Како,.. ‘’ на ова поле сите сме културни, ама ние сме покултурни троа меѓу културните’’! И вие сте културни, ама ние ке одлучиме колку сте културни!
АЛООООООО!!!
Како трето, Зоран Заев сега и никогаш повеќе нема да може да постави еден услов. Праведна, социјална, здрава, стабилна и функционална Македонија. Причината е едноставна. После ова нема назад. Зошто после овакви реално прогресивни ( повторувам дури и закаснети тези) секоја една комбинаторика која би имала амбиент на ‘’веч виџено’’ ке биде гробарот на МАкедонија. Тезите со кои настапува Заев се во стилот на ‘’сад или никад’’. Се прашувам, што е тоа што ме тера да сметам дека е баш така. Веќе и стаорците у канализација почнаа да гладуваат. Птиците на гранка да се кладат дека нешто ке се менува. Што е тоа што ке се менува ако остане се како што е? Ништо. Ама, сигурен сум дека народот ддефинитивно – ке замолчи. А, ја знаете онаа стара приказна кога султанот ги терал везирите да зимаат данок? Кога се враќале ги прашувал ‘’ како реагира народот’’ , а тој објаснувал како вриска, писка, псуе и колне. И се така данок врз данок. Еден ден, везирите се вратиле и му рекле дека е чудно тоаа што и покрај тоа што даноците се зголемени, народот молчи и не реагира. СПУШТАЈ ДАНОЦИТЕ!,.. РЕКОЛ СУЛТАНОТ! Не е на арно ако народот молчи! Нешто се спрема. Е па,.. ете,.. молете бога да не замолчи народот, драги и почитувани ВМРО вци. ‘’ НИ ПЕТ АМДИ БАЈРАМА НЕ ВЕ ВАДАТ ‘’.
П.С. Зоран Заев не ми е ни кум, ни кумашин, ни брат, ни братучед. Јас не сум негов адвокат, ниту негов гласноговорник. Јас само се обидувам исто како и тој да ја гледам вистината онака со широко отворени очи. Не е многу висок ни крупен чоекот, ама мора да има ‘’ноеви јајца’’ со настапот и барем засега со курсот по кој го води бродот на промените во демократскиот рингишпил на Р. Македонија. Македонијо, на испит си, не за мене или за тебе, за своите генерации кои треба да ги вратиш назад. Ајде, со лесно, бог да те чува и голман да те брани. Пардон, народот да те брани. А народот не е само ВМРО-вецот, туку и оној чобанот на Шара, рибарот у Дојран, стражарот на Солунска Глава, па и оние по пивниците у Скопје. Да,. Оној пун со сељачаана што му се радува на Скопјено – 2014. Јебало вас оно!
Агим Јонуз