Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17401

Побунетите судии против Панчевски ќе одат во Судскиот совет?

$
0
0

Судиите потпишани на претставката против претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски се подготвени да се појават на средбата по повикот од Судскиот совет. Ова за Телма го потврдија и претставници на Судскиот совет, но и блиски на 13-те судии кои се потпишаа на претставката за состојбите во Основниот суд Скопје 1 за што сметаат дека одговорноста ја носи Панчевски.

pancevski

Вчера попладне Судскиот совет преку соопштение ги повика судиите во понеделник да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд. Иако Судскиот совет првично не можеше официјално да утврди кои судии се потпишаните, Телма се обиде да контактира со дел од нив но денеска никој не беше достапен да даде коментар каков им е планот за понеделник. Судиите потписници се жалат на лошата состојба во најголемиот македонски суд токму пред изборите за нов претседател на кои се пријавија тројца кандидати.

Досега во јавноста не излегоа со изјави туку само со соопштение односно со претставката доставена до Судскиот совет. Во советот веќе се расправаше за состојбите во Кривичниот суд, но зад затворени врати. Во тек е и вонредно оценување на тројцата кандидати за претседател со што изборот ќе се одложи и поради овој процес, но и поради законската забрана за избор на нови судии и претседатели за време на избори. Тројца кандидати се актуелниот претседател Владимир Панчевски, Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев кој му поднесе кривична пријава на Панчевски.

Јавното обвинителство за организиран криминал вчера соопшти дека ја отфрла кривичната пријава затоа што смета дека претседателот на судот укажувал како да се забрза случај со разбојништво од 2007-ма година, а не наредувал и не ја злоупотребил положбата. Панчевски пред две и пол години му укажал на Џолев дека разбојништвото треба да се отстапи на косовското судство, а македонските жртви да се откажат од штетата. Судијата Џолев сметал дека е прекршен Законот, но обвинителството во пријавата не видело криминал туку барање на судска ажурност. Изминатиот месец имаше повеќе пријави и претставки за работата на Панчевски, а тој цело време негираше дека работи незкоански и врши притисок врз судии и врз вработени.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17401

Trending Articles