Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17570

Собранието ја констатираше оставката на Груевски

$
0
0

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски констатираше престанок на мандатот на владата. Сега веќе поранешниот премиер Груевски, не ја искористи законската можност да ја образложи оставката.

gruevski43

По говорот на Вељаноски, процедуално збор побара координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски.

– Македонските граѓани цели 10 години чекаа да падне главата на режимот и тоа е крајот на една криминална и расипничка власт. Никола Груевски одлучуваше кој може слободно да живее во Македонија, но сега јасно му е дека е крајот. Никола, тебе Македонија сега ти вели збогум. Немавме ниту фер ниту слободни ниту демократски избори. Никола Груевски се плажи од фер и слободни избори, тој не сака прочистен избирачки список и не сака слободни медиуми. Граѓаните немаат корист од избори без претходно прочистен список и со медиумски мрак кој фамилијата сака да го користи за спас на својата кожа. За СДСМ не се прифатливи избори без прочистен избирачки список. СДСМ со сите демократски средства и заедно со граѓаните ќе се бориме за слободна и демократска Македонија – рече Сугаревски.

Откако заврши говорот на Сугарски, пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата.

Мета


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17570

Trending Articles