Еден ден по предвремените парламентарни избори во Македонија, каде што владејачката ВМРО-ДПМНЕ на доскорешниот премиер Никола Груевски и СДСМ на Зоран Заев прогласија победа, на разлика од едвај малку повеќе од еден отсто, јасно е дека изборите нема, барем не толку брзо, да стават крај на политичка криза, пишува српскиот портал Курир.
Според добро информирани извори на порталот, почнала ерозијата на ВМРО-ДПМНЕ и масовното напуштање на партијата. Всушност, откако беа објавени првите резултати и кога се сфати дека Груевски нема апсолутно мнозинство потребно да формира влада, бидејќи поголемите албански партии не сакаат да влезат во коалиција со него, почнало бегството.
Груевски се обидува да ја смири ситуацијата, така што им тврди на своите соработници дека со пари ќе купи поддршка од Албанците, објаснувајќи им дека обезбедил големи суми на пари во кеш за купување на нивната поддршка. Очигледно, Груевски се обидува да добие на време, бидејќи и самиот знае дека има многу мали шанси да формира влада, пишува српски Курир.
Изненадени и разочарани од резултатите од изборите, со оглед дека очекувале убедлива победа, десетици високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ почнале да преговараат со опозициската СДСМ во желба да му дадат поддршка на Зоран Заев.
Соговорникот на српски Курир тврдел дека партијата на Груевски е во целосен распад и дека луѓе кои досега му биле многу блиски соработници, одлучиле да го поддржат Заев.
Ова масовно напуштање на Груевски не е случајно, ако се знае дека албанските партии не сакаат да направат коалиција со Груевски.