Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17511

СКАНДАЛ: Погрешна математика на сајтот на ДИК –фалат 17 гласови!

$
0
0

На сајтот на ДИК каде се објавуваат официјалните резултати од предвремените парламентарни избори има грешка во бројките.

Бројката на сите важечки ливчиња објавена на сајтот на ДИК не е иста со бројката што се добива кога ќе се соберат гласовите на сите политички партии.

Еве за што се работи.

875489349043

1.153.949 – вкупен број на важечки кога ќе се соберат гласовите на сите политички партии

78954899043

1.153.971 – број на важечки ливчиња на сајтот на ДИК

Што значи, бројката на важечки ливчиња на сајтот на ДИК е за 22 поголема од вистинската бројка на важечки ливчиња (збирот од гласовите на сите партии).

Проблем со бројките има и кога ќе се соберат бројот на важечки ливчиња (збирот од гласовите на сите партии) и бројот на неважечки како што се објавени на сајтот на ДИК

1.191.834 – вкупен број на гласови кога ќе се соберат гласовите на сите политички партии и неважечките ливчиња.

1.191.851 – број на сите гласови

Што значи, бројката на сите гласови објавена на сајтот на ДИК е за 17 гласа повисока од збирот на важечките (збирно од сите партии) и неважечките (според ДИК).

Прашањето е каде се овие 17 гласови, бидејќи ги нема ниту кај гласовите на партиите, ниту кај неважечките ливчиња.

Проблем со бројките се јавува дури и кога ќе се соберат бројот на важечки и неважечки гласачки ливчиња како што стојат на сајтот на ДИК (без самостојна пресметка за гласовите на партиите).

1.153.971 – број на важечки ливчиња на сајтот на ДИК

37.885 – број на неважечки ливчиња на сајтот на ДИК

= 1.191.856

Еве ја разликата:

1.191.851 – број на сите гласови

Според оваа математика, пак, бројот на важечки и неважечки според ДИК е за 5 гласа повисок од бројот на сите гласови.

ДИК мора да даде објаснување за овие скандалозни разлики во бројките.

Либертас


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17511

Trending Articles