Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Судијката на Груевски сака да е „англиска кралица“, ама има проблем, седи на скршена столица

$
0
0

Судијката Татјана Михајлова ги одби предложените докази на СЈО, да се преслуша транскрипт од аудио запис од т.н. бомби, во кој се слушаат разговорите помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески, каде што Груевски бара да најдат некое лице што ќе му врзе 5-6 шамари јаки на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски пред камери, а за тоа, нема да одговара кривично туку прекршочно.

mihajl

Овој доказ е дел од листата на докази во предметот „шамарите за Жерновски“, за кој, денеска на обвинителна клупа седнаа Груевски, Јанакиески, Рангелова и уште 11 други лица, обвинети дека го поттикнале, договориле и извршиле насилството во општина Центар.

Судијката Михајлова го одби и предлогот на Специјалното јавно обвинителство, да биде сослушан загрозен сведок со псевдоним „ЗС1“ што му бил определен на некое лице во август оваа година, а кој сведок поради закани не би сведочел на друг начин, освен со прикривање на неговиот идентитет и заштита на податоците.

На предлогот на обвинителката Фатиме Фетаи, во доказната постапка да биде сослушан загрозениот сведок, се противеше адвокатот Никола Додевски (бранител на Груевски, Јанакиески, Рангелова) бидејќи, според него, СЈО нема мандат да определува статус на заштитен сведок или да предлага, зашто нив ги нема наведено во законот како орган кој може да го прави тоа, а дополнително, како што наведе, загрозен сведок не може да се употреби во скратена постапка, каква што е оваа во која постапува судија поединец, зашто на тој начин, според Додевски, и приватните тужители би можеле да бараат да им се сослушуваат загрозени сведоци.

Обвинителката Фатиме Фетаи со публика новинари, без обвинети кои одбија да бидат снимени

Денеска судот потроши 4 часа во надмудрување околу правни термини и фази во постапката, кој закон што регулира и летаа опомени пред казнување, пред да го одложи за 22 февруари 2017 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека ова судење е приоритет, но судијката одговори дека таа има многу работа.

КАКО ТЕЧЕШЕ СУДЕЊЕТО НА КОЕ ГРУЕВСКИ ДОЈДЕ 30 МИНУТИ ПОРАНО

Екс премиерот Никола Груевски кој е првообвинет за поттикнување на насилството пред Општина Центар утрово во судот дојде 30 минути пред почетокот на судењето, што ги изненади медиумите, бидејќи беше познат по секојдневните доцнења на манифестациите на кои се појавуваше. Во друштво беше со адвокатот Никола Додевски и со сите сообвинети. Во судницата, од неговите соработници беше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев и стандардното обезбедување кое оди со него.

Додека траеше судењето околу судот имаше и специјалци.

Обвинител во предметот е Фатиме Фетаи од СЈО, која неколку пати влезе во клинч со судечката судијка Татјана Михајлова, која во овој момент е и в.д. претседател на скопскиот суд.

На почетокот од рочиштето судијкаta побара od обвинителката Фатиме Фетаи да се произнесе по предложените докази, наожајќи дека некои се во фотокопија, за дел нема архивски број (одлуки на Совет на Центар) како и тоа, што содржи цедето на кое има два транскрипта од разговори. Но, на тоа реагираше обвинителката Фетаи објаснувајќи дека добила покана за главна расправа, а не за подготвително рочиште.

– Поканата за денес не се однесува на рочиште за оценување на докази туку за главна расправа јас бев спремна да започнам со главна расправа, а ги наведов и сведоците кои се во голем број. Го известувам судот дека материјалните докази се во СЈО и не ги носам со себе да се произнесам по нив – рече Фетаи.

Одговорот на судијката на ова оправдување од страна на Фетаи беше дека доказите требало да ги носи со себе, а бидејќи ова не бил обемен предмет, за тоа „не ѝ треба камион“ за да ги донесе.

Обидите на Фетаи да се спротивстави на ваквиот тек на судењето, ја доведе да биде опомената неколку пати, со закана дека ќе биде казнета, бидејќи не добивала збор или и беше одземан зборот.

 (Судијката Татјана Михајлова која не сака да биде фотографирана – архивска фотографија од младоста))

Судијката збесна, кога Фатиме Фетаи побара од судот да го користи терминот „обвинети“ за присутните во судница, а не „осомничени“ како што повтори неколку пати судијката, бидејќи пред нив имаат обвинителен предлог кој веќе стапил во правна сила.

По ова следуваа канонада закани за тоа кој како го чита законот и кој е осомничен, а кој обвинет.

СВЕДОК консултираше професори по право, кои велат дека законот е јасен, терминот осомничен или обвинет може да се користи од почнување на истрага, до фаза на оценка на обвинението, а по правосилноста на обвинението, терминот е „обвинет“. За нив, нема дилеми дека ставот на Фетаи во случајов бил исправен.

Судии пак потсетуваат дека при обуките за „новиот“ Закон за кривична постапка кој се вприменува од 1 јануари 2013 година, од судии едукатори им било посочено дека може терминот осомничен да се користи и до крај на главната расправа.


текстот во целост прочитајте го тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17535

Trending Articles