Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

Груевски: Нема да ги признаеме резултатите од прегласувањето, ниту ќе дозволиме Заев да прави влада. Странците да не се мешаат веќе!

$
0
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестот пред ДИК објави проглас кој произлегол од седница на Извршниот комитет на партијата.

gruevski

„ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел влијание на некои од членовите на ДИК за постизборен инжинеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните“, рече Груевски.

Тој апелираше да нема притисоци врз Управниот суд, и најави дека ако овој суд одлучи како и ДИК, тогаш  ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување.

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните“, рече Груевски и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции од таква влада.

– Државата мора суверено да ги носи одлуките а некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата. Тоа мора да запре. Остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешните прашања на земјата. Го напуштаме форматот на состаноци и преговори со други политички партии со амбасадори, странски претставници – рече Груевски.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија кои ги немало во другите земји членки на ЕУ.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи кантонизација и редефинирање на државата под било какви услови или околности – рече Груевски.

Тој најави дека, ќе се борел за „десороизација“ на Македонија и јакнење на ширење на невладиниот сектор кој немало да бил под ничија контрола. Најави дека ќе се регулирало финансирањето на невладиниот сектор.

– ВМРО-ДПМНЕ секогаш била западно-ориентирана партија за членство во НАТО и ЕУ. Овој проглас е проглас за заштита на демократијата во РМ, за зачувување на Македонија, македонскиот народ и другите народи, нивната борба се овие собири – рече Груевски пред ДИК.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17522

Trending Articles