У колумнава можам да си драпам политички фрази колку сакаш, ама се би се сублимирало во неколку реченици па после нема да знам што да тресам. А не сакам да се повторувам со жалопојки како во колумната ‘’ Кога државата ти го брка најмилото’’ ( see Encyclopedia Britannica) се шегувам де! Затоа и ке биде кратка оваа колумна.
ПА ОНДА КАЖЕ:
Зашто некој мисли дека Грујо е толку глуп со својата изјава за амбасадорите да им се обрати на американците !? Јок бре!. Нив мува не ги лази. Тој што така мисли е поглуп од него. За оние кои знаат да читаат политички речник и кои во меѓуредовите го читаат Толстој, пораката е директно испратена кон трансверзалата Тирана – Приштина – Скопје! Имено, со оглед на тоа дека не постои шанса еден така добар тим кој под ПР опсада држи цела држава толку години да греши, аналитиката на сите им налага ‘’квадрилема’’! И, консеквентно,.. ова беше нај убав ‘‘ целофан ‘’ за да се испрати порака до албанците:
- Да праиме неред во нередот и да купиме време ( ако може ама без жртви)
- Да ги оправдаме 450.000 патриоти пред светот ( се друго е ОЛОШ)
- Да издејствуваме НЕМИНОВНА техничка влада која сите гомна ќе ги фрли под тепих додека не се консолидираме како да спасиме г‘с пред СЈО
- Како да бидеме впишани како креатори на ‘’1903‘‘- та во 2016, па нека биде што биде, внуците да ни дигнат споменици еден ден како што ние им дигаме на коте и моте. Па, ред би било нели! Ова нема смисла после толку прашина да не се вика некоја улица по наше име!…. Не заебаајте!
ГУГ‘Л ТРАНСЛЕЈТ: ( jalete – PARAPHRASA LATINA)
Алоооо!!! Амбасадори на Косово, Тирана, сите вие регионални играчи што мешате прсти и имате влијание кај шиптарите, ај жифти све не се мешајте у мое двориште и сфатите коначно дека сте у ‘‘ моја махала‘‘ а ако мислите дека американците стојат зад вас,.. ‘‘ немој да му кажам на Uncle Putin да заоштри ситуација на Балкан па да видите кој е по фраер. Стварно нема смисла да ми се мешате у чорбава! Ја вас ви се мешам ли! Не!… АЈ СИКТЕР!!
ПА ОНДА КАЖЕ:
Успут речено, само да ви кажам дека превише ми се мешате у работата да создадам најпатриотска држава у свет, па зарем не гледате дека се што сакаа на шиптарите им дадов. Па немојте!.. ‘’Мој мој преко мој’’! Не бидите толку покварени да ги терате албанските партии да не коалицираат со мене, па и ја сум греота и како човек и како антички македонец кој учествувал у тепачката во коријата над Крушево. Еве, имам и 450.000 сведоци пред мене дека со Питу Гули пред да дојде Бахтијар Паша игравме баскет у школото!. А бе 100 пати ви ја пуштам Каракамишева да ви објасни, Пандов, Јанко Бурек, цела плејада фаци на кои урбаната интелигенција им скида капа кога ги среќава! За Латас ич да не зборам! Ако он не успеа да ви објасни дека јас сум единствениот чувар на Македонија од уроци, од вируси и настинки, ондак немам што муабет со ваас да праам! Едноставно, ке ја викнам оваа најпатриотска маса пред мене да ви опне по една педагошка, за да разберете дека се наоѓате у мој двор бе алоОО!
БРЕЈКИНГ ЊУЗ:
Каракамишева отишла у меѓувреме да земе воздух пред студио… зашто не дише кога збори! Останатите у ТВ НОВА отишле да видат дали се они или Сител по гледани, за да знаат како на народот да му кажат дека се најголеми гонца ако не ја догледаат до крај Каракамишева. Останатите не знам, ама знам дека веќе размишљаат што да кењааат кога ке се смени власта!
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА:
Нереди нема и не може да има, зошто сите се свесни дека кој прв ке ги почне ( ММЕ) ке биде гробарот на Современа Република Македонија од неколку аспекти. Никој не е будала да биде обвинет за граѓанска војна во Македонија. Затоа народе, уживај, што би се рекло у мој Чаир ‘‘ ич кур да не ви чуе‘‘, земите дечињата и прошетаајте по парк. Прашање е само како ке се организираме да функционира државата до следните ИЗ ВОНРЕДНИ избори на кои дефинивно унапред ке се знае кој игра у ‘’ првих једанаест на терену’’! Од кај знам!
ПА ЗАРЕМ ТРЕБА ДА ЗНАМ!.. И ПТИЦИТЕ НА ГРАНКА ГО ЗНААТ ТОА. Затоа викам,. Прошетајте до пакр,.. нема да има немири,.. нема никој ‘‘Ñё‘ , а башка не е толку будала!
ШФЕСТЕН ЗИ?
Ајт!…
Агим Јонуз