Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17387

Власта треба да се остави сама да го одигра последниот чин на нејзиното тотално делигитмирање

$
0
0

Од изборни победи со фалсификати (мртви гласачи, Пустец, лажни лични карти), тешки злоупотреби на институциите (МВРО-ВМРО, плацеви, провизии со Изрелци, Кинези итн), притисоци и уцени (обезбедени гласаци во замена за останување или добивање на работно место, субвенции, социјална помош), кои сепак беа на некој начин легитимирани со учество на опозицијата, власта брза да спроведе исти такви избори, еднострано, без да бидат исполнети условите за фер изборен натпревар.

petrit saracini

Опозицијата мора цврсто да опстои на одлуката да не учествува во таква лакрдија.. Оние што цело време трубат дека ја имаат поддршката на народот, дека немаше да одат на избори, дека немаше да поднесуваат оставки, дека снимките биле сечени лепени и монтирани, штом сметаат дека успешно ја одиграа фарсата со договорот и запршката од Пржино со која сепак признаа дека се кабает, сега треба да бидат оставени сами да си ги спроведат изборите кои ги нејќеа, “на нивен начин”.

Нека си тераат предизборна кампања.
Нека муабетат сами со себе на медиуми.
Нека им зборат на митинзи на луѓе донесени со сила, од зорт.
Нека играат сендвичите, нека бршцат караваните со автобусите. Нека фрштат мејлови, наредби, инструкции.
На нивните “избори”, сепак, ќе се соочат со вистинскиот пораз. Нека дознаат дека имаат поддршка од одвај 20% од гласачите, од кои пола гласаат за нив бидејќи мораат.
Останатите 80%, во меѓувреме да го подготвуваме тој пораз и да го доцекаме спремни, на улица. Полошо од ова и онака, нема.
А подобро, можеме и мораме.

Петрит Сарачини – Амор Мра
фејсбук статус


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17387

Trending Articles