Денеска околу 18.15ч во полициската станица во Тетово лице Ш.Е. од Теарце роден 1958 пријавил дека С.Ш. и Ф.И. двајцата од селото Теарце, во периодот од 22.12 па до пријавувањето, оделе по куќи и нуделе и давале од 100 до 500 евра од гласач за да не излезат на прегласувањето в недела, а како гаранција дека нема да одат на гласање ги земале личните документи на граѓаните, за да се осигураат дека никој од нив нема да го оствари своето избирачко право на место 2011, каде ќе се прегласува.
Утрешното гласање во Теарце може да направи пресврт во ИЕ6 и поинаква распределба на мандатите за еден пратеник плус, односно минус кај некои од партиите.